top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Де Лаурентис: Доста ми е од африкански фудбалери, нема да ги купуваме!

Аурелио Де Лаурентис остана без Калиду Кулибали ова лето, но во тимот на Наполи се уште има африкански фудбалери како Виктор Осимен и Андре Замбо Ангиса.

Клубот од Неапол е доста тивок во овој летен преоден рок и покрај тоа што од клубот си заминаа многу звучни имиња, но иако е расположен за нови аквизиции, Аурелио Де Лаурентис потенцира дека во блиска иднина не е заинтересиран за купување на нови африкански фудбалери.

– Им реков на луѓето кои се задолжени за регрутација, им реков да не ми зборуваат веќе за Африканци. Ги обожавам африканските фудбалери, но нема веќе да ги носиме се додека не отстапат од настап на Афиканскиот Куп на нации.

– Ние ги плаќаме милиони евра, а некои друг ги користи. Има период од годината кога тие не му стојат на располагање на тренерот и тоа може да се одолжи.

– Не сакаме да бидеме идиоти, да плаќаме за некои, а друг да има бенефит од тоа. Фудбалот е лошо управуван и тоа веќе не е тајна. Само ние сме идиоти кои можеме да прифатиме да играме по 50 натпревари во сезона, – вели Де Лаурентис.


3 views

Comments


bottom of page