Де Лаурентис го нападна „лузерот“ Сари
13.03.2024 Mart Sreda
Аурелио Де Лаурентис не бил баш расположен за давање коментари по елиминацијата од Барселона во осминафиналето во Лигата на шампионие, но затоа пред мечот дал едно интервју за „Спортмедијасет“ и коментирал и една тема која не е поврзана со неговиот клуб.
Вчера како бомба во италијанската јавност одекна вест за заминувањето на Маурицио Сари, искусниот стручњак кој лани го одведе Лацио до второто место во Серија А, но во минатото работеше успешно и во Наполи.
Добро познато е дека Де Лаурентис и Сари не се разделија на најдобар можен начин, па откако ја дознал вест за поднесената оставка, Де Лаурентис не штедел критики на сметка на искусниот стручњак.
– Веста за Сари навистина ме шокираше. После првите искусва во фудбалот го стекнувате статусот на професионалец, а кога доаѓате до тоа ниво, мора да преземете и одговорност.
– Ако ја прифатиш важната улога, мора да издржиш до самиот крај. Од почит кон клубот, кон играчите и навивачите. Најлесно е да дадете оставка, тоа го прават лузерите.
– Не знам кој е мотивот позади тоа, но знам дека Лотито не делува агресивно како претседател. Не може еден тренер тукутака да си замине пред крајот на една сезона, – порачал Де Лаурентис.
Comments