top of page

Де ла Фуенте обелодени каква интересна порака добил од Инфантино по финалето со Аргентина

24.07.2026 Juli Petok

Луис де ла Фуенте се врати во родната Шпанија како еден од националните херои кои вечно ќе бидат запишани во фудбалската историја на оваа земја, од едноставна причина што искусниот стручњак се претвори во само вториот селектор кој обезбеди светска титула за својата земја.

По Висенте дел Боске, Шпанија доби наследник во Луис де ла Фуенте 16 години подоцна, а во моменти кога сите го доживуваат како голем лидер на генерацијата која бележи големи успеси, интересно е тоа што тренерот останува максимално приземјен.

Шпанија со голема понизност и со голем респект го остави зад себе секој голем предизвик на Светското првенство, па откако по вторпат во историјата стана светски шампион, Џани Инфантино му испратил специјална и интересна порака на Де ла Фуенте откако биле доделени медалите.

– Секогаш велам дека приватните разговори треба да бидат приватни, но во овој случај, мислам дека вреди да се направив исклучок. Зошто? Затоа што пораката на Инфантино го истакнува калибарот на нашите играчи. Јас и Инфантино се запознавме на Олимписките игри во 2021-ва година, настан на кој ние го освоивме сребрениот медал. Однесувањето на играчите беше спектакуларно. Ги ставија своите медали на вратот, не ги извадија уживаа во церемонијата на затворањето на игрите. Кога церемонијата заврши, Инфантино ми пријде и ми рече: „Господине, вашите играчи се пример“.

– Интересно е што многу голем дел од тие играчи беа дел од финалето во неделата. Инфантино во неделата ме потсети на она што го кажа пред неколку години: „Она што ви го кажав на Олимписките игри сè уште важи и денес. Каков пример за сè: тимски дух, другарство, великодушност, жртва и фудбалска величина“. И тоа е нешто на што треба да се биде посебно горд, – вели Де ла Фуенте.


 
 
 

Comments


bottom of page