top of page

Де Ла Фуенте ги „пецна“ Мурињо и Реал Мадрид: Тука се трансформираат, покажуваат…

Sep 30
1 min read

30.09.2026 Septemvri Sreda

Шпанија ја продолжи извонредната серија на резултати и забележа нова победа во Лигата на нации, овојпат против Хрватска од 4-1.

Актуелниот светски шампион издоминира на  „Рамон Санчез Писхуан“ и заслужено запиша триумф со кој е на првото место во групата во конкуренција на Англија и Чешка. Ламин Јамал со два гола и асистенција се издвои, но и останатите играчи беа на високо ниво и потврдија колку им значи националниот тим и како токму овде го даваат најдоброто.

Најдобар пример за тоа е Марк Кукурелја кој нема баш идеален почеток во Реал Мадрид, доби критики за своите настапи, ама за Шпанија е друг фудбалер и тоа го потврдува во овој репрезентативен „прозорец“.

-Тој е сензационален. Кај нас се случува нешто што го гледаме кај многу играчи. Кога ќе се приклучат на националниот тим, тие се трансформираат. Некои понекогаш покажуваат ниво многу повисоко од она што го покажуваат во својот клуб. Можеби затоа што се чувствуваат многу удобно тука, затоа што нашиот стил им одговара совршено, -порача селекторот Луис Де Ла Фуенте кој на овој начин меѓу редови ги пецна Реал и Жозе Мурињо.


 
 
 

Comments


bottom of page