Search
Де Грас ги победи Американците на 200 метри
Updated: Aug 5, 2021
04.07.2021 Sreda
Андре Де Грас, на 200 метри, на тронот го наследи Усеин Болт. Канаѓанецот во финалето успеа да го освои златниот медал пред американските спринтери. Де Грас, во кариерата, има едно сребро и две бронзи од Олимпијадите, во Токио го освои првото злато. Со извонреден финиш во последните 40 метри, тој ги победи Американците Кенет Беднареи и Ноа Лајлс. Де Грас во финишот влезе со резултат 19.62 секунди. Ова е седмо најбрзо време во историјата на оваа дисциплина. Беднарек го освои времето со 19.68 секунди, додека Лајлс истрча 19.74 секунди.
Comments