Двејн Џонсон се потруди Адел да биде изненадена на Греми-наградите
Двејн Д’рок Џонсон откри дека дал сè од себе да се осигури Адел да биде автентично изненадена на Греми-наградите.
Ѕвездата на „Црниот Адам“ ја изненади поп-дивата, која неколкупати има изјавено дека е негов голем фан, кога се појави зад неа за да ја прегрне.
Поранешниот професионален борач ова го стори во текот на воведниот монолог на водителот Тревор Ноа, а неколку дена по настанот, тој нагласи дека шокот на Адел бил вистински, без нималку глума.
Во интервју за „Вараети“ тој откри: „Сакавме да направиме нешто посебно за Адел. Знам дека таа е мој голем фан и многупати го рекла тоа јавно. Но, морам да ви кажам, и јас сум нејзин голем фан, на нејзината музика, нејзината отвореност и начинот на кој зборува, директно без заобиколување. Отсекогаш сум им се восхитувал на овие работи кај неа“.
„Се обидувавме да смислиме нешто што ќе биде забавно и ќе ја изненади. Се чини дека нашиот план успеа“.
Comentarios