top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Двејн Џонсон се кандидира за претседател во новата ТВ-серија на Ен-би-си

17.02.2021 februari sreda Во вторникот вечерта премиерно беше прикажан американски серијал базиран на животот на поранешниот професионален борач, а сега омилен холивудски актер – Двејн Џонсон. Комедијата на Ен-би-си, „Јанг рок“, го пренесува гледачот низ четири временски периоди од животот на 48-годишниот Двејн – од детството, до тинејџерските години, како млад и возрасен во 2032 година, кога се кандидира за претседател. „Јанг рок“, насловот е по неговиот прекар кога бил борач, поаѓа од претпоставката дека Двејн се кандидира за претседател на САД во 2032 година и дека дава интервју за својот живот. Актерот и продуцент јавно кокетира со идејата да се кандидира за Белата куќа последен пат во 2019 година кога рече дека не е вистинското време. Двејн (48) во серијата ќе го глумат тројца актери на различна возраст во секвенции во кои ќе биде прикажано и неговото детство, кое го помина на Хаваите како син на борачот Роки Џонсон.


3 views

Comments


bottom of page