Две фудбалски бравури на „Луж“ ги фрлија во транс навивачите на Бенфика (Видео)
Бенфика води со резултат 2:0 по 45 минути игра на „Луж“ против Клуб Бриж и само ја потврди доминацијата против белгискиот ривал, над кој славеше со 0:2 и на првиот осминафинален меч.
„Лисабонските орли“ имаат се во свои раце за да се пласираат во четвртфиналето во Лигата на шампионите, особено по двете бравури кои вечерва ги видовме во Португалија.
Бенфика постигна гол уште во втората минута преку Марио, но истиот беше поништен поради офсајд и резултатот беше 0:0 до 38-та минута.
Тогаш на сцена стапи Рафа Силва кој режираше бравурозноа минијатура во шеснаесетникот која ја заврши со надворешниот дел од стапалото, но само неколку минути подоцна, доби одговор од соиграчот.
Навивачите на Бенфика паднаа во транс по вториот гол кој го постигна Рамос, кој успеа да се ослободи од тројца чувари пред да ја затресе мрежата
Comments