top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Две први места за Милошевски

ПРВ ЈУНСКИ КОЊИЧКИ ТУРНИР

Според календарот на Федерацијата на коњички спортови на Македонија, а во организација на клубот Анималс од Скопје, на теренот на тој коњички клуб во населбата Дрма, кај Идризово, се одржа првиот Јунски коњички турнир, како и второто коло од отвореното првенство на Македонија во прескокнување пречки за годинава. На програмата беа три натпревари, и тоа, категорија Е, категорија А и категорија А**, со височина на пречките од 0,7 до 1,1 метар, а широчина 1,3 метар. Најуспешен со две први места беше Петар Милошевски од коњичкиот клуб (КК) Бравадос.

Во категоријата Е, со височина на пречките до 70 см и широчина од еден метар, победи Марта Димитриевиќ со грлото „Калатус“ од КК Илинден, втора беше Ина Илиевска со грлото „Куаст“ од КК Бравадос, а трета е Кристина Антовска со грлото „Дон Октавијан“ од КК Анималс.

Во категоријата А или т.н. „скокни повеќе“ со височина на пречките од 90 см до 1,1 метар и широчина 1,2 метар, првото место му припадна на Милошевски со грлото „Надја“, второто на Силја Дуковска со грлото „Најтингел“ од КК Илинден, а третото место на Леонида Гроздановска со грлото „Џилдан“ од КК Анималс.

И во категоријата А**, со височина на пречките од 1,1 до 1,2 метар и широчина од 1,3 метар, повторно триумфира Милошевски, со грлото „Надја“, пред Гроздановска со грлото „Кардино“ и третопласираната Дуковска со грлото „Ехо“. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page