Две први места за Дуковска на Мајскиот коњички турнир
На теренот на ККС Илинден на скопскиот хиподром во Маџари, в сабота се одржа првиот Мајски коњички турнир, односно првото коло од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување на пречки за 2023 година. На програмата беа пет натпревари во прескокување на пречки во класите: А, Б, Ц, Д и Е со височина на пречките од 0,7 до 1,2 метар и 1,4 метар ширина. При тоа се постигнаа следниве резултати.
Во класата Е (височина 0,7 м., и ширина 0,9 м.), првото место го освои Марта Димитриевиќ со грлото „Калатус“ од клубот Илинден, а второто место Фросина Антовска со грлото „Дон Октавијан“ од Анималс.
Во класата Д (височина 0,9 м., и ширина 1,1 м., славеше Бобан Томевски со грлото „Вики“ од Илинден, пред Марта Димитриевиќ со грлото „Калатус“ од Илинден и Матеа Димовска со грлото „Нур“ од Анималс.
Во класата Ц (височина 1 м., и ширина 1.2 м., најдобара беше Сиља Дуковска со грлото „Најтингел“ од Илинден, втора заврши Лиа Кајев со грлото „Аполо“ од Анималс, а трета Леонида Гроздановска со грлото „Џилдан“ од Анималс.
Во класата Б (височина 1,1 м., и ширина 1,3 м., повторно најдобар резултат постигна Сиља Дуковска, но сега со грлото „Ехо“ од Илинден, втора беше Меланија Атанасовска со грлото „Влеут“ од Илинден, а трет пласман оствари Петар Милошевски со грлото „Надја“ од Бравадос.
И во класата А (височина 1,2 м., и ширина 1,4 м., победи Леонида Гроздановска со грлото „Кардино“ од Анималс, а втора беше Меланија Атанасовска со грлото „Влеут“ од Илинден.
Поради обилните врнежи од дожд, од безбедносни причини за коњите и јавачите, првото коло од Купот на Македонија, се одлужи и дополнително ќе биде закажано. Г.И.
コメント