top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Две Македонки учествуваат на изборот за „Мис на Европа“ во Бејрут

Изборот за „Мис на Европа“ за 2022 година ќе се одржи в понеделник во Бејрут, Либан.

Македонија ќе ја претставуваат две девојки, Ана Брзанова, 22-годишната гевгеличанка и Мија Стерјовска (18) од Скопје, двете членки на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој најголем европски избор за убавина.

Финалистките веќе две недели се подготвуваат за големото финале. Да им посакаме добар настап и многу среќа на нашите убавици и се надеваме на убави вести од Бејрут во понеделник.


1 view

Comentários


bottom of page