Две изложби во МКЦ во рамките на „Бела ноќ 2023“
- Aleksandar Santovski
- Sep 28, 2023
- 1 min read
Во рамките на настанот „Бела ноќ 2023“, во ЈУ Младински културен центар ќе бидат отворени две ликовни изложби со наслов MALEFICIUM VISÜA, на уметникот со псевдоним NCHRONAX, и изложбата TO EXCITER, на уметникот Лука Кекиќ. MALEFICIUM VISÜA Акт I претставува краток визуелен приказ, фузија на 3Д-анимација и филм. Инсталацијата се занимава со создавање нов свет и експлорација на научнофантастичните опкружувања во универзумот на NCHRONAX. Уметникот со псевдоним NCHRONAX е роден во Скопје 2002. Тој е визуелен артист, кој ја проучува тематиката на научната фантастика. Во своите творештва тој вметнува елементи од разни уметнички периоди од историјата. Претежно прави фузија на научната фантастика и ренесансата давајќи им неконвенционален изглед и визуелна провокативност на своите дела. TO EXCITER е проект на дигитална фотографија од Лука Кекиќ, кој ја симболизира својата потреба за нова перспектива, како и истражувањето на актуелниот свет. Изложбата е составена од фотографии чиј визуелен стил е концентриран околу улична фотографија и флорална фотографија, во негативни и термички ефекти. Лука Кекиќ е 22-годишен аматер фотограф и љубител на визуелните уметности. Неговиот визуелен стил се развива додека црпи инспирација од неразвиениот аналоген филм во негатив. Тој го развива својот визуелно невообичаен стил на фотографирање инкорпорирајќи негативни и термички ефекти во неговата работа. Кекиќ досега имал три индивидуални изложби на дигитална фотографија. Изложбата е дел од програмата „Бела ноќ“. Отворањето е закажано на 30 септември (сабота) во 20 часот во Галеријата 2 на МКЦ. Настанот е дел од програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.


Comments