top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Две „Златни арени“ за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски

18.07.2024 Juli Cetvrtok

„Домаќинство за почетници„ по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на „Лист продукција“, освои две „Златни арени“ на филмскиот фестивал во Пула, кој почна на 11 јули, а се затвора денес, со прикажување на победничките филмови.„Домаќинство за почетници“ беше дел од натпреварувачката програмата за малцински копродукции и ја освои „Златната арена“ за најдобра хрватска малцинска копродукција, а хрватскиот актер Владимир Тинтор доби „Златна арена“ за најдобра споредна машка улога за своето остварување во филмот.„Домаќинство за почетници“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, а меѓу другите финансиери е и Хрватскиот аудиовизуелен центар, чија поддршка е реализирана преку хрватскиот копродуцент „Кинорама“ од Загреб.„Златните арени“ се деветта и десетта награда за награда за „Домаќинство“, кој досега е прикажан на повеќе од 70 фестивали во светот, а е дистрибуриан во кината во Америка, Австралија, Холандија, Хрватска, Полска и во Македонија.Светската премиера на „Домаќинство за почетници“ се одржа во 2023 на Филмскиот фестивал во Венеција, а македонската премиера беше на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Филмот беше избран за македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар долгометражен интернационален филм за 2023 година, а беше дел и од селекцијата за Европските филмски награди, каде што доби една номинација.Дистрибутер на филмот на територијата на САД е Focus Features, Universal Pictures е интернационален дистрибутер за другите територии, а продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска го застапуваат филмот на територијата на Југоисточна Европа.

„Домаќинство за почетници“ може да се гледа на 19 и 20 јули во Кинотеката на РСМ од 20.30 часот.





0 views

コメント


bottom of page