top of page

Две жени во неволја и момент на човечка топлина — невремето во Скопје изнедри барем една убава приказна

21.07.2026 juli Vtornik

Силното невреме во Скопје, поради кое 15 луѓе завршија во болница, а многумина од жителите на главниот град вечерва ја пресметуваат штетата врз имотот, сепак изроди и убави приказни. Една од нив забележа поетот и мултимедијален артист Гаврило Миловановиќ, од прозорец во неговиот дом, набљудувајќи го невремето.

Приказната, за да ја зачуваме автентичноста на изразот, ја пренесуваме како што ја раскажа тој:„Неверојатна сцена. Од прозор кон автобуска гледам како летаат чаршафи и кровови додека две жени во пластичната отворена чекална чекаат автобус. Ветрот почна буквално да ги треска од клупа и од земја како на филм од Хичкок. Отспротива за дрво се држи еден господин кој исто не може да им пристапи. Стануваат госпоѓите некако обидувајќи се да си помогнат меѓусебно и одеднаш се гушнаа. Така останаа цели три минути додека не заврши невремето. Фасцинантно е колку основното познавање од хемија и физика помага кога знаеш за тежа и оска и температура но уште пофасцинантно е тоа што ова беше интуиција, емпатија, потреба од човечка гушка во најтешките мигови, космос, љубов, бог. Доказот дека човек е најубав кога е заедно…“, раскажа Миловановиќ во објава на „Фејсбук“.



 
 
 

Comments


bottom of page