Две големи изненадувања на Ју-Ес Опен, Кирјос го победи најдобриот пријател
ве големи изненадувања се случија во завршните мечеви од првиот ден на Ју-Ес Опен, односно испаднаа имиња кои се при самиот врв на АТП листата.
Стефанос Циципас доживеа шокантен пораз од Колумбиецот, Даниел Галан Риверос, играч кој е 94. на светот. Јужноамериканецот славеше со 3-1 во сетови со 6:0, 6:1, 3:6, 7:5, односно стана третиот тенисер по Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал кој го срушил Гркот без да загуби гејм во еден сет.
Големо изненадување направи и домашниот рекет Брендон Холт (303 на светот) кој успеа да го добие неговиот сонародник, најдобриот американски тенисер Тејлор Фриц. Три часа траеше пресметката, период во кој на повисоко ново беше аутсајдерот кој со 6:7(3), 7:6(1), 6:3, 6:4 дојде до резултат кој малкумина го очекуваа.
Ник Кирјос пак беше немилосрден кон својот пријател Танаси Кокинакис на кого му пресуди по два часа игра со 6:3, 6:4, 7:6(4).
Финалистот на Вимблдон во второто коло ќе се соочи со Бенжаман Бонзи од Франција.
Comments