top of page
Search

Две бебиња диносауруси пронајдени во фосил од тираносаурус откриваат нов начин на исхрана

25.01.2024 Januari Cetvrtok

Остатоците од две бебиња диносауруси се откриени во фосилот на тираносаурус стар 75 милиони години, фрлајќи нова светлина врз промената на исхраната на древните предатори.

Според една студија објавена во списанието Science Advances, задните екстремитети на два мали диносауруса слични на птицата наречена сипитес биле пронајдени градниот кош на млад горгосаурус, близок роднина на тираносаурус рекс.

Истражувачите кои стојат зад студијата велат дека откритието сугерира дека младите горгосауруси биле плен на мали, млади диносауруси, додека претходните фосилни докази покажуваат дека возрасните горгосауруси нападнале и јаделе многу големи тревопасни диносауруси кои живееле во стада.

д-р Дарла Зеленицки, еден од водечките научници во студијата, изјави за BBC дека откритието е „цврст доказ дека тираносаурусите драстично ја менувале исхраната додека растеле“.

„Сега знаеме дека овие тинејџери (тираносауруси) ловеле мали, млади диносауруси. Тие помали, незрели тираносауруси веројатно не биле подготвени да нападнат група диносауруси со рогови, каде возрасните тежеле илјадници килограми“, додава

Фосилот првично бил откриен во канадската пустина Алберта Бадлендс во 2009 година, но бил закопан во карпа и беа потребни неколку години за да се подготви за проучување.


4 views

Comments


bottom of page