Двата кралски пара на премиера во Лондон
30.09.2021 Septemvri Cetvrtok
Војводата и војвотката од Кембриџ им се придружија на принцот од Велс и војвотката од Корнвол за светската премиера на „Џејмс Бонд: Не е време за умирање“ во лондонскиот „Ројал Алберт хол“. Црвениот тепих е моментот што сите го очекуваа со нетрпение, а особено шоу-биз медиумите и фановите на британската монархија, кои беа воодушевени од кралскиот гламур што го демонстрираа војвотките во елегантни вечерни фустани и принцовите во смокинзи. Кејт блесна во златен фустан украсен со кристали и мониста, креација на Џени Пакхем. Чекорејќи на црвениот тепих со широка насмевка и златен фустан, 39-годишна војвотка привлече фотообјективи, љубопитни погледи и доби многубројни комплименти за својот изглед. Фоторепортерите го снимија моментот кога се поздрави со Даниел Крег. Камила беше елегантна во бледосин светкав фустан од Брус Олдфилд.
Comments