top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Два милиона луѓе бараат Амбер Херд да биде отстранета од „Аквамен 2“

Петиција со која се бара Амбер Херд да биде отстранета од филмот „Аквамен 2“ собра два милиона потписи.

Добивај вести на вибер

„Џони Деп ја разоткри Амбер Херд како насилничка. Во неговата тужба вредна 50 милиони долари Деп опишува многу инциденти на семејно малтретирање што ги претрпел од рацете на својата (тогашна) сопруга Амбер Херд, вклучително и еден инцидент кога таа го удрила двапати по лицето и друг кога му го скинала прстот со шише вотка. Прстот морало да му го спојат со хируршки зафат. Од тоа ќе ја носи лузната до крајот на животот“, стои во описот на петицијата.

„Од разводот со Деп таа систематски водеше крстоносна војна за да ја уништи неговата кариера во Холивуд повторувајќи приказни за лажни инциденти во кои таа, всушност, го малтретирала, но лажела и создавала лажни наводи дека тој е насилникот“.

„Имајќи предвид дека Амбер Херд е позната и докажана насилничка во семејството, ‘Ворнер брадерс“ и ‘Ди-си ентертејнмент’ треба и мора да ја отстранат Херд од нивниот филмски проект ‘Аквамен 2’ . Тие не смеат да го игнорираат страдањето на жртвите на Херд и не смеат да гламуризираат домашен насилник“.

„Мажите се жртви на семејно насилство исто како и жените. Ова мора да се препознае и мора да се преземат мерки за да се спречи славење позната насилничка во забавната индустрија“, се наведува во петицијата.

„Направете ја вистинската работа. Отстранете ја Амбер Херд од ‘Аквамен 2’!“

Петицијата беше поведена уште во 2019 година, а сега повторно стана актуелна поради судскиот спор меѓу Амбер и Џони Деп. Многумина веќе ја предлагаат Емилија Кларк како замена.

Амбер би требало да го игра ликот на Мера во филмот. Второто продолжение, со целосен наслов „Аквамаен и загубеното кралство“, треба да излезе во 2023 година.




1 view

Comments


bottom of page