Два концерта на „ПМГ Џез“ на почетокот на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“
Два концерта на македонските музички состави „Стој, После!“ и „Кантон6“ во реализација на „ПМГ Џез“ ќе се одржат вечерва во Макка бар, со што ќе се обележи почетокот на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“.
„ПМГ Џез“ посочија дека младиот и талентиран Мартин Џорлев од составот „Стој, После!“, денеска прв пат по издавањето на својот прв албум „Умре ти, се родив јас“ ќе може да проследиме дел од интересно музичко патување.
Тие појаснија дека албумот се состои од четири делови: доживување/дознавање, сеќавање/истражување, шум шума загуба и псалм, и е достапен за преслушување на Јутјуб каналот на составот.
На концертот ќе се претстави и електро-етно-џез составот „Катнон6“. Во состав на веќе признатите музичари и културни дејци Мирко Попов, Синиша Евтимов и Владан Дробицки ќе можете да слушнете дел од композициите кои се најдоа на последниот студиски албум „#Џезас“, кој музички не води низ различни мистични, епски и историски трансформации и доживувања поврзани со вистината за настанокот на џезот и неговата 500.000 годишно постоење како македонска традиционална музика, додадоа организаторите.
Comments