Два дена откако се повлече од Челси: Абрамович во улога на миротворец меѓу Русија и Украина
28.02.2022 Februari Ponedelnik
Политичката криза која настана по воениот напад на Русија над Украина се одрази и на случувањата на фудбалските натпрвари, но посебно на функционирањето на Челси кој е во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович. Поради сериозниот притисок кој го создаде јавнсота во Британија, Абрамович во саботата излезе со соопштение дека се повлекува од раководната функција на Челси, доверувајќи им го клубот на свои блиски соработници и луѓе во кои има максимална доверба. Газда Роман реши да се тргна настрана од фудбалските случувања во овие тешки моменти, но денеска пристигна ексклузивна информација дека во наредните неколку часа ќе има и миротворна акција, обидувајќи се да помогне во преговорите меѓу Русија и Украина. Белорусија е земјата во која се состануваат претставниците на двете земји кои влегоа во воен конфликт, а портпаролот на Абрамович откри дека од украинска страна било побарана помош Роман да интервенира и да помогне во преговорите. – Можам да потврдам дека украинската страна се обидуваше да најде некој во Русија подготвен да им помогне во изнаоѓањето мирно решение. Украинската страна која не контактираше е поврзана со Роман Абрамович преку еврејската заедница и побара помош. Оттогаш Абрамович се обидува да мобилизира поддршка за мирно решение. – Иако влијанието на Абрамович е ограничено, тој е единствениот кој одговори позитивно и си даде за задача да се обиде.Дали ова ќе има влијание или не, не знам, но јас самиот сум во контакт со персоналот на украинскиот претседател Зеленски и знам дека тие се благодарни за напорите на Абрамович, – вели портпаролот на Роман.
Comments