Два гола и нов рекорд на Меси во првиот меч по мундијалското финале!
- Aleksandar Santovski
- Aug 6
- 1 min read
06.08.2026 Avgust Cetvrtok
Лионел Меси постигна два гола и запиша една асистенција за Интер Мајами во победата од 4-2 против мексиканскиот Атлетико Сан Луис, во својот прв меч по завршувањето на Светското првенство. Со овој настап во Лига Купот, аргентинскиот фудбалер стигна до рекордни 14 голови во ова натпреварување.
Извештај од натпреварот:
39-годишниот Аргентинец постигна голови во 11. и 44. минута од натпреварот. Преостанатите погодоци за клубот од Флорида ги постигнаа Теласко Сеговија и Микаел, додека бекот Ноа Ален забележа дури три асистенции на овој натпревар.
Натпреварот на „Ну Стадиум“ беше накратко прекинат во 67. минута поради невреме, но по пауза од триесет минути играта продолжи и Интер Мајами рутински ја сочува предноста за први три бода во групната фаза.
Меси сега има постигнато 921 гол во својата кариера на 1.166 одиграни официјални натпревари.






Comments