Search
Дајч ќе добие солиден бонус ако го спаси Евертон од испаѓање
Шон Дајч го презема Евертон во обид да му обезбеди опстанок во Премиер лигата, а клубот ќе го мотивира менаџерот со дополнителна премија.
„Дејли Мејл“ тврди дека искусниот менаџер ќе добие дополнителни 3,5 милиони фунти, ако составот од Ливерпул остане во Премиер лигата и следната сезона.
Дајч го замени Френк Лампард, кој не успеа да излезе на крај со лошата резултатска серија, а направи големо изненадување уште на дебито, на кое Евертон го совлада лидерот Арсенал со 1:0.
Новиот менаџер на „карамелите“ треба да заработува по 5 милиони фунти годишно наредниот период, а ќе добие и други бонуси за подобра позиција на табелата.
Следен противник на Евертон е градскиот ривал Ливерпул.
Comments