top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дарио Ивановски со поддршка од „Макпетрол“ ќе се бори за учество на најелитните натпреварувања

Атлетичарот Дарио Ивановски, олимписки стипендист на Македонскиот олимписки комитет за настап на следните летни Олимписки игри во Париз, во борбата за остварување врвни резултати ќе има поддршка од „Макпетрол“. Компанијата, која што општествената одговорност и подобрувањето на условите за живот во заедницата ги има како свои приоритети, на 25-годишниот македонски шампион ќе му овозможи полесно да остварува резултати на најелитните натпреварувања.

– Атлетиката е мојата страст, инспирација и едноставно, начин на којшто се обидувам секојдневно да се подобрувам, но и да оставам печат на спортски план во име на Македонија. Се работи за спорт којшто бара голема дисциплина, макотрпна работа и долгорочна посветеност. Токму истите вредности ги делиме со „Макпетрол“ и верувам дека со нивна поддршка ќе имам уште поголеми достигнувања – изјави Ивановски за соработката со домашната компанија.

Меѓу најзначајните активности во календарот на македонскиот атлетичар е маратонот во Белград (дисциплина полумаратон) и уште една ваква голема трка. На овие натпреварувања Ивановски ќе се обиде да оствари врвен резултат што за него ќе биде виза за светското првенство во Будимпешта во август годинава, како и за „ЛОИ 2024“. Сите овие учества ќе бидат поддржани од „Макпетрол“.

– Дарио е извонреден спортист, врвен атлетичар којшто досега оствари одлични резултати, но пред себе има уште посветла иднина. Нашата цел, која што ја следиме секогаш кога даваме поддршка на индивидуалци, клубови или општо на заедницата, е тој пат, којшто бара многу лични откажувања и вложувања, да биде полесен. Се надеваме дека како резултат на соработката, Ивановски ќе може целата своја енергија да ја посвети на подготовките и на тој начин да дојде до што поголеми достигнувања – истакнуваат од „Макпетрол“.

Останати натпреварувања на кои што Дарио Ивановски ќе учествува се: Сениорски куп на Македонија, Европски игри под капата на МОК, Балканско првенство за сениори, Европски куп на 10.000 метрим, Европско првенство во крос, Скопскиот маратон, како и други домашни атлетски настани. Ивановски од годинава е активен член на АК „Корранерс“.


1 view

Comments


bottom of page