Данчевски и Митков одиграа симултанка со 100 деца
01.02.2024 Februari Cetvrtok
ШАХ
Шаховскиот клуб Гамбит Асеко СЕЕ од Скопје организира голема шаховска симултанка на истакнатите македонски интернационални мајстори Орце Данчевски и Марјан Митков со млади шахисти од цела Македонија. На оваа симултанка учествуваа 100 деца, што може само да радува.– Најдобро потрошено време е времето поминато со шаховските деца. Шахот дефинитивно претставува одлично потрошено време. Да го научиме детето да размислува пред секоја своја одлука, со сигурност одлуките што ќе ги носи во иднина ќе бидат добри. Се надевам дека јас и Марјан успеавме да го „запалиме жарчето“ љубов кон шаховската игра кај голем број од нив – ни изјави професионалниот шаховски тренер Орце Данчевски, кој неодамна ја објави првата шаховска илустрирана книга за деца во Македонија, насловена „Ајде да играме шах“. Г.И.
コメント