Данска ефикасно ја почна одбраната на олимпиското злато
- Aleksandar Santovski
- Jul 26, 2021
- 1 min read
РАКОМЕТ
Првиот ракометен ден на машкиот турнир на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио помина без изненадувања кога се во прашање резултатите, меѓутоа актуелниот светски и олимписки првак, Данска, приреди вистински спектакл, во кој по 60 минутна игра беа соборени два рекорда. Во дуелот со домаќинот Јапонија, Данците славеа со 47-30, одигрувајќи го најефикасниот меч на ЛОИ досега, со 77 постигнати гола. Претходниот рекорд го држеа селекциите на Шпанија и на Бразил, кои на ЛОИ 2008 постигнаа 71 гол (36-35). Со 47-те гола против Јапонија, Данска стана и рекордер според бројот на постигнати погодоци на еден олимписки меч, соборувајќи ги досегашните рекорди на Франција и на Шведска, кои имаа по 44 реализации на еден дуел.
ПРВО КОЛО
Норвешка – Бразил 27-24 Франција – Аргентина 33-27 Германија – Шпанија 27-28 Шведска – Бахреин 32-31 Португалија – Египет 31-37 Данска – Јапонија 47-30 ВТОРО КОЛО, ДЕНЕСКА Бразил- Франција 2 ч. Аргентина – Германија 4 ч. Шпанија – Норвешка 9.15 ч. Египет – Данска 7.15 ч. Бахреин – Португалија 12.30 ч. Јапонија – Шведска 14.30 ч.

Comments