Даниел Крејг открива зошто ќе престане да го глуми Џејмс Бонд
Даниел Крејг одлучи да престане да го глуми тајниот агент Џејм Бонд поради повреди.
53-годишниот актер петти и последен пат се појавува како 007 во одложениот No Time To Die („Не е време за умирање“), а сега го надмина рекордот на починатиот сер Роџер Мур како најдолговечен Бонд, со најдолг стаж од 15 години во смокингот.
Крејг имал повреди при снимање опасни сцени или трикови на секој блокбастер на Бонд, откако за првпат се појави во „Казино Ројал“ во 2006 година – на кој загуби два заби – и време е „за некој друг да тргне во мисија“.
Во интервју за магазинот „Кендис“, тој рече: „ Сè уште правам акробации, бидејќи уживам во физичката природа – секогаш сум сакал телесност, дури и пред Бонд. Но, сега сум постар и не се враќам во форма толку добро како порано. Се повредив на секој филм за Бонд откако почнав со таа улога”.
Прашан да потврди дека No Time To Die ќе биде неговото последно појавување како 007, тој додаде: „Тоа е апсолутно последно. Време е за некој друг да тргне сега”.
Крејг вели дека ќе биде тажен да ја даде „дозволата за убивање“ бидејќи нема лоши страни да се глуми Бонд и дека целото искуство на портретирање шармантен шпион е привилегија.
Comments