top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Даниел Крег смета дека 007 не треба да биде жена

24.09.2021 Septemvri Petok

Во екот на битката за родова рамноправност во филмската индустрија, Бонд-актерот Даниел Крег во неодамнешното интервју за „Радио тајмс“ рече дека Џејмс Бонд не треба да го глуми жена. На прашањето дали би поддржал „подиверзитетен избор како негова замена“, Крег одговори: „Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Секако дека треба да има подобри улоги за жени и за актери Афроамериканци. Зошто жена треба да го глуми Џејмс Бонд кога би требало да има улога подеднакво добра како Џејмс Бонд, но за жена?“ Одговорот на Крег ги рефлектира коментарите на извршната продуцентка на франшизата Бонд, Барбара Броколи, која во 2018 година рече: „Бонд е маж. Тој е машки лик. Напишан е како маж и мислам дека веројатно ќе остане како маж. И тоа е во ред. Не мора машките ликови да ги претвораме во жени. Треба да создадеме повеќе женски ликови и да ја прилагодиме приказната на женски ликови.“ Некои медиуми наведоа обичен пример – Бонд влегува во бар и нарачува мартини. На прашањето дали сака протресено или промешано, тој одговара: „Дали ти личам на човек на кого му е важно тоа?“ Дали женскиот Бонд ќе го каже истото? коментираат медиумите.



1 view

Comments


bottom of page