top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Даниел Крег откри на кого мислел додека ја снимал рекламата за „белведере“ вотка

Даниел Крег откри дека мислел на својата баба додека ја снимал разиграната реклама за вотката „белведере“, пренесува британски „Индипендент“. Актерот што го глумеше Џејмс Бонд (54) може да се види како танцува во енергично видео за кампањата, објавено минатиот месец. Во интерјву за магазинот „Сандеј тајмс “ Крег рече дека во текот на снимањето можел да ја слушне баба си. „Таа беше гласот во мојата глава.“ Во видеото во режија на Таика Ваитити, ѕвездата од 007 тој може да се види како танцува низ Париз додека ги покажува своите мускули. Крег, исто така, откри дека ја замислувал баба си како вели: овца облечена како јагне – термин кој Англичаните често го користат кога сакаат да опишат постари жени облечени прикладно за некој помлад.



2 views

Comments


bottom of page