Даниел Крег откри дека Спилберг го натерал да го глуми 007
Даниел Крег откри дека славниот режисер Стивен Спилберг бил тој што го натерал да ја преземе улогата на британскиот таен агент Џемс Бонд. Овој 53-годишен актер, кој се откажа од улогата на Бонд во „Не е време за умирање“ (2021) по пет филмови, неодамна сподели дека се согласил да ја преземе улогата на култниот шпион за „Казино Ројал“ дури во 2006 година кога случајно налетал на легендарниот филмски режисер во хотел. „Стивен случајно беше во истиот хотел. Можете ли да добиете подобар холивудски момент? Го прашав: дали би го прочитал ова сценариото те молам? Тој го прочита многу брзо и рече: Мораш да го направиш oва!“ открива актерот во интервју за „Сан“. Даниел објаснува дека е многу важно некој во шоубизнисот толку високо како Спилберг да биде инспириран од улогата пред тој да одлучи да ја прифати. Весникот „Сан“ го цитира Даниел: „Ми беше многу важно некој како него да биде подеднакво инспириран од улогата како и јас“. Сепак, и покрај тоа што ја добил довербата од Спилберг, кој има освоено „Оскари“ за режија на филмови како што се „Шиндлеровата листа“ и „Спасување на војникот Рајан“, Даниел сепак бил нервозен поради преземањето на огромната улога, но знаел дека ќе биде добро.
Comments