top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Даниел Крег нема да користи социјални мрежи

Updated: Oct 27, 2021

26.10.2021 Oktomvri Vtornik

Даниел Крег вети дека никогаш нема да се приклучи на социјалните мрежи. 53-годишниот актер е целосно незаинтересиран за разните апликации и веб-страници, меѓу кои се „Инстаграм“, „Твитер“ и „Фејсбук“ и сега, откако се пензионира како 007, своето време нема да го поминува во „скролање“. Во интервју за списанието Sorted тој рече: „Можам категорично да кажам дека никогаш во животот нема да се појавувам на социјалните мрежи“. „Тоа не е дека не ги сакам луѓето. Сакам да имам приватен живот како сите други што не се во јавност. Не разбирам зошто луѓето сакаат да зборуваат со мене или да ме натераат да излезам со нив или што и да било друго. Јас сум релативно досаден и ми се допаѓа мојот сопствен простор“. „Ми се допаѓа каков ми е животот во моментот. Благодарен сум за сите работи што се случија во мојата кариера“. Ѕвездата од „Не е време за умирање“ потенцира дека, за разлика од Бонд, тој е човек што претпочита да биде дома со сопругата Рејчел Вајс и нивната ќерка. „Повеќе би сакал да се чувам за себе и за мојот дом, со сопругата и семејството“, рече тој.


2 views

Comments


bottom of page