Даниел Крег го сака „астон мартин“ од 007, ама не му го даваат
29.09.2021 Septemvri Sreda
Даниел Крег посакува да можел да го задржи автомобилот „астон мартин“ од најновиот филм за Џејмс Бонд, но компанијата не му дозволува. 53 -годишната sвезда ја повторува улогата на 007 петти и последен пат во филмот „Не е време за умирање“ и призна дека не му било дозволено да го задржи луксузното возило што го возеше како шпион. „Нема да ми дозволат да го земам автомобилот“, рече тој. Кога ќе ме прашаат какви предмети имам дома од петте филма, јас им велам дека не сум клептоман. „Цело време прашуваат за сувенири, тие мислат дека сум клептоман“. Тој на своите фанови им тврдеше дека No Time to Die ќе има повеќе гаџети од претходните четири филма нарекувајќи го Aston DB5 „врвна шпионска алатка“. No Time to Die ја имаше својата светска премиера во „Ројал Алберт хол“ во Лондон во вторникот (28 септември), а Даниел последен пат продефилира на црвениот тепих во смокингот на Бонд.
Comments