top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Даниел Крег бил на исцрпувачки физио-сесии по операцијата на глуждот

Даниел Крег мораше да го оперира глуждот по повредата на снимањето на „Нема време за умирање“. Сепак, во стилот на 007, Даниел Крег не си дозволи да забави во текот на неговото закрепнување. На досега необјавени фотографии се гледа дека актерот поминувал низ исцрпувачки физички тренинзи додека се подготвувал за враќање во форма. Даниел (53) морал да паузира од снимање со недели бидејќи се лизнал додека снимал сцена со трчање за неговиот последен филм како Џејмс Бонд во мај 2019 година. Со наслов „Нема време за одмор“ таблоидите пренесуваат дека Даниел се вратил во сала за вежбање веднаш штом можел да застане. Тие објавија фотографии, кои неодамна ги сподели тренерот Сајмон Вотерсон. Даниел ги скина лигаментите на глуждот кога падна за време на снимање опасна сцена за неговиот петти филм како агент на тајната служба. Сајмон Вотерсон му беше личен фитнес-тренер на Пирс Броснан во два филма „Светот не е доволен“ и „Умри друг ден“, а сега тој доби задача да го доведе во добра форма и следниот Џејмс Бонд. Кога првпат го запознал Даниел Крег, тој бил мамурен, со сендвич со сланина и цигара во раката. Но, во текот на месеците што следуваа, Сајмон помогна да се претвори во атлетски ѕвер што никого не остави рамнодушен кога излезе од морето во „Казино Ројал“, коментираат медиумите.




3 views

Comments


bottom of page