top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дани Алвеш има прениска плата, но во договорот изненадувачки има доста висока откупна клаузула

18.11.2021 Noemvri Cetvrtok

Дани Алвеш од пред неколку дена и официјално стави потпис на шестмесечен договор со Барселона, клуб во кој ќе остане најмалку до крајот на актуелната сезона.

Бразилецот на изненадување на многумина се врати на „Камп Ноу“ по неколкугодишната авантура во Јувентус, ПСЖ и Сао Пауло.

Алвеш како слободен агент се врати во Барселона и стави потпис на шестмесечен договор според кој ќе заработува само 300.000 евра до крајот на сезоната, плата која е меѓу најниските, ако не и најниска во Ла Лига.

За разлика од платата, откупната клаузула на Дани Алвеш во Барселона е навистина висока и за чудо изнесува 100 милиони евра иако фудбалерот веќе влегува во својата 39-та година од животот.

Алвеш ќе има право за настап во Барселона веднаш штом се отвори јануарскиот преоден рок.


1 view

Comments


bottom of page