Дало ја покажа ужасната повреда со која го одигра речиси цел натпревар со Астон Вила (Фото)
Екипата на Манчестер Јунајтед во текот на вчерашниот ден славеше тешка победа против Астон Вила од 1:0 со која се пласира во следното коло од ФА Купот.
За „ѓаволите“ цел натпревар одигра десниот бек, Диого Дало, кој добива се поголема шанса за настап по пристигнувањето на Ралф Рангник на „Олд Трафорд“.
По половина час игра на „Олд Трафорд“, Дало заработи нешто потежок удар во глуждот по што играта беше во прекин извесен период.
Иако многумина очекуваа дека Дало нема да може да продолжи, затоа што и од снимките можеа да се видат неговите крвави чорапи, тој сепак стегна заби и го доигра целиот натпревар.
По крајот на средата, фудбалерот објави фотографија од неговата повреда која навистина изгледа вознемирувачки.
По ваквата објава, Дало доби уште повеќе пофалби што успеал да смогне сили и да го одигра целиот натпревар против Астон Вила до крајот.
Comments