Дали Македонија да учествува на Евровизија. Апсолутно ДА
29.10.2024 Oktomvri Vtornik
Веста од МРТ дека Македонија повторно нема да учествува на Евровизија и во 2025 година, во Базел, Швајцарија, со што се продолжува низата од три години отсуство, ја разочара македонската јавност и фанови на најпрестижниот музички настан со милионски аудиториум. Финансиските предизвици со кои се соочува националната телевизија се причина за оваа одлука. Уште една пропуштена шанса да се слушне името на Македонија во светот и да се слушнат нашите талентирани пејачи.Григор Копров, еден од најпознатите македонски поп композитори и хитмејкер, кој работел со многу ѕвезди како Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Перо Христов, Владо Јаневски, Марјан Стојановски, Мартин Вучиќ, Каролина Гочева и Андријана Јаневска, беше меѓу првите јавни личности што реагираше на веста. Впрочем, во 1997 тој ја компонирал песната Не зори зоро со која Владо Јаневски ја претставуваше Македонија на Евровизија 1998, првиот настап на земјата на овој настан. „Дали Македонија да учествува на Евровизија. Апсолутно ДА. Зошто? Затоа што е најголема музичка манифестација со гледаност од преку 1.5 милјарди гледачи и за мене е многу значајно и доволно само името Македонија повеќе пати да се изговори рамо до рамо со сите европски држави. Прашувам дали македонските репрезентации во фудбал, ракомет и одбојка се пласираат на Европското првенство, и ние речеме немаме средства, итн. Друго околу пласманот. По претпоставка да сите композиции се со исти квалитет – некој ќе биде прв , некој последен.На пример, една година светското име Енгелберт Хампердинг беше претпоследен па Англија не се откажа. Исто и светски познатата Бони Тајлер . Впрочем и колевката на музиката, Италија се врати на Евровизија. Апел до министерството за култура да одвои средства за оваа манифестација , толку важна за афирмација на нашата Македонија, изјави, ексклузивно за Независен, Копров. Последниот настап на Македонија на Евровизија беше во 2022 година со Андреа и песната „Circles“, која се пласираше на 11-тото место во второто полуфинале.
Најголем пласман обезбеди Тамара Тодевска со песната ,,Proud” во 2019 година во Тел Авив, Израел, кога го освои високото седмо место на целокупниот пласман и прво место според гласови од жири комисијата
Comentarios