Search
Дакота Џонсон во преговори да глуми во „Мадам Веб“
Дакота Џонсон преговара за главна улога во Марвеловиот филм Madame Web, спиноф на „Спајдермен“. Според „Дедлајн“, 32-годишната актерка треба да глуми во адаптацијата на „Сони“ на Марвеловиот стрип. Филмското студио наводно имало средби со неколку ѕвезди од т.н. А-листа, но сега се насочуваат кон Џонсон, која се смета за фаворит за улога во филмот. Иако договорот сè уште не е потврден, се смета дека ѕвездата на Fifty Shades („Педесет нијанси“) е избрана за главната улога на Касандра Веб. Мадам Веб беше првата суперхеројка што се појави во универзумот на Марвел, а своето деби го имаше во Неверојатниот Спајдермен # 210 во 1980 година.
Comments