Да се биде или не за Ѓоковиќ: Србинот може да остане без полуфинале во Торино
И денеска топ тема во светот на тенисот ќе биде завршниот АТП Мастерс во Торино каде ќе бидат разрешени сите дилеми околу патниците во полуфиналето од „зелената група“.
Во фокусот дефинитивно ќе биде првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ на кого и победа може да не му биде доволна за да помине понатаму, поточно може да биде елиминира уште по групната фаза. Поразот од Јаник Синер донесе проблеми за Србинот кој мора да одигра перфектно против Хуберт Хуркач (14:30).
За да Ноле продолжи во Торино потребна му е една од следниве ситуации:
– Синер да го победи Холгер Руне
– ако Ѓоковиќ победи со 2-0, Руне да го победи Синер со истиот резултат
-ако Ѓоковиќ слави со 2-0, а Руне со 2-1, ќе одлучува гејм-количникот
Првиот светски рекет нема да оди понатаму ако победат и Хуркач и Руне или ако тој самиот победи во три сета, а Данецот го победи Синер.
Синер и Руне се соочуваат во втората средба од 21 часот.
Comments