top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Да не се чека последен момент: Конкурсот за финансирање на проекти од култура се затвора на 6 ноемвр

Да не се чека последен момент: Конкурсот за финансирање на проекти од култура се затвора на 6 ноемвриКонкурсот за финансирање на проекти, од национален и јавен интерес за култура, за 2024 година, ќе биде затворен на 6 ноември точно напладне. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и вчера апелираше до корисниците кои сè уште не аплицирале за поддршка на нивните проекти, тоа да го направат час поскоро и да не чекаат последен момент. Исто така беше истакнато и дека годинава не е во план да се продолжи рокот за aплицирање.

„Досега не е пријавен никаков проблем во однос на аплицирањето, но за разлика од лани, оваа година до овој момент има помал број на апликанти. Вообичаено добиваме околу 3.000 апликации, но досега пристигнале околу една третина“, истакна министерката на вчерашниот брифинг за новинарите.

Костадиновска-Стојчевска потсети и на новините во годинешниот конкурс кој се однесува на креативните индустрии. Таа истакна дека повторно се внесени, со оглед дека не беа вметнати од 2017 година.

„Креативните индустрии предизвикуваат навистина големо внимание. Оваа година ние како држава сме претседавач со Советот за соработка на Југоисточна Европа, и јас како министер ќе имам министерски состанок во Охрид на кој ќе разговараме за креативните индустрии, бидејќи сакам малку да ги вратиме во фокус креативците, затоа што нудат поинакви културни продукти“, додаде Костадиновска-Стојчевска.

За помош за корисниците, истакна министерката, е изработена видеопрезентација за чекорите за аплицирање. Направено е и олеснување со тоа што со допис се известени Националните институции дека доколку некој аплицира за користење простор за проект поддржан од Министерството за култура, да не му се наплаќа.

„Ги повикуваме да аплицираат и оние што никогаш не аплицирале досега. Да напомнеме дека документацијата мора да биде целосна. Не треба да се случи преоптовареност на системот и да се чека последен момент“, истакна министерката.



0 views

Comments


bottom of page