top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Д’Викенд го собори Гинисовиот рекорд и стана најпопуларен музичар во светот

Канадскиот пејач Д’Викенд стана првиот изведувач што достигна 100 милиони месечни слушања на „Спотифај“. Се наведува дека никој друг не е ни блиску до неговиот успех на стриминг. Имено, 33-годишниот музичар постави два светски рекорда – тој е пејачот што има најмногу месечни слушатели на „Спотифај“ и првиот уметник што некогаш дошол до 100 милиони слушатели месечно на гигантот за стриминг на музика. Патем, песната Blinding Lights на Д’Викенд од 2020 година е најстримуваната песна на „Спотифај“ на сите времиња, со повеќе од 3,47 милијарди стримови, пренесува „Си-би-ес њуз“. Музичарот објави спот за оваа песна на почетокот на 2020 година, а досега е прегледан повеќе од 691 милион пати на „Јутјуб“. Само два месеца по објавувањето на песната, таа се најде во топ-100 песни на листата „Билборд“. Неговата песна Starboy е исто така една од најслушаните песни на сите времиња на „Спотифај“.




1 view

Comments


bottom of page