Гути со неочекуван напад: Не можам да го сфатам Бензема, го изневерува својот клуб……
Карло Анчелоти во неколку наврати потенцира дека Карим Бензема не е повреден и дека има мускулна слабост, која во моментов не му овозможува да игра на највисоко ниво и да им помага на соиграчите од Реал Мадрид на редовна база.
Отсуството на Французинот вчера беше платено со пораз на гостувањето кај Рајо Валјекано и Реал го забележа првиот неуспех во Ла Лига од стартот на сезоната, што предизвика и сериозна констатација од легендарниот Гути кој смета дека Французинот намерно тактизира со цел да избегне повреда пред Светското првенство.
– Не можам да ја сфатам ситуацијата со Бензема. Лео Меси игра за ПСЖ, Левандовски игра за Барселона, како и многу други играчи во светот. Секој играч сака да игра на Светско првенство, но мора да го прифатите ризикот од повреда, едноставно не можеш да го изневеруваш својот клуб.
– Не знам ни зошто Реал не донесе замена за Бензема. Сите знаеме дека може да дојде до ситуација да не игра. Не знам зошто немаат замена за Карим, – порачува Гути.
Бензема не играше на вчерашниот меч против Рајо, претходно доби само 28 минути на мечот со Селтик, а тоа беше негов кам-бек по три средби на кои немаше официјален настап за Реал.
留言