top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гуру Харе и Тања Тас ја снимија „Бројаница“

Кога човек ке ја осознае својата минливост, единственото нешто за кое што треба да се грижи е душата. Дадена ни е чиста, и треба таква да ја вратиме, вели Игор Атанасоски познат во музичките кругови како Гуру Харе, кој заедно со Тања Тас, пејачката на групата „Темпера“ деновиве ја сними песната „Бројаница“.

Во снимањето учествуваа и Дамир Имери на Хемонд органа и Мите Димовски на тапани, во чие студио „Тралала“ е снимена и продуцирана песната.

Автор на музиката, текстот и аранжманот е Харе, кој исто така ги свири гитарите.

„Бројаница“ доби и своја видео приказна чија авторка е Тања Тас.

Во последниве неколку години нашиот познат гитарист, композитор, текстописец, со кариера долга триесетина години, сними цел албум со соработки, што поради пандемијата се уште не ја доживеа својата концертна промоција.

Како што дознаваме Игор Атанасоски веќе има во план да сними нова песна, која ќе биде вистинско изненадување за музичките сладокусци.



1 view

Comments


bottom of page