top of page

Гундоган за можната преселба во Ливерпул: Многу го сакам и ценам Клоп…

Илкај Гундоган влезе во завршната година од договорот со Манчестер Сити и е под голем знак прашалник дали ќе продолжи да го носи дресот на „граѓаните“ и по 2023 година.

Неговиот договор е со важност до 30 јуни што значи дека веќе од јануари може да потпише преддоговор со некој клуб, а тука е и опцијата со одредено обештетување да си замине уште во зимскиот преоден рок.

Една од екипите која се поврзува со него е Ливерпул, тим во кој менаџер е Јирген Клоп со кого германскиот репрезентативец има посебна врска уште од времето во Борусија Дортмунд. Интересно би било ако би се случил ваков трансфер, но тоа не е реално ако се суди по зборовите, пораката која ја испрати искусниот играч од средината на теренот.

-Мислам дека можам да исклучам дека тоа да се случи. Сите знаат колку го сакам и го ценам Клопо. Но, јас сум во Сити веќе неколку години. И сега како капитен на Сити да се преселам во ривал како Ливерпул? Не можам тоа да го замислам, -рече Илкај кој во однос на својата иднина кратко порача:

-Не знам дали има врска со годините, но јас сум прилично опуштен поради тоа. Дури и ако веќе не звучи како многу, летото 2023 година сè уште е далеку. Во моментов не сум навистина загрижен за тоа, -заклучи Гундоган за „Кикер“.


 
 
 

Opmerkingen


bottom of page