top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гудачкиот состав Пламенка Трајковска со концерт „Нем филм во четири“

Гудачкиот состав Пламенка Трајковска на 5 април во 19.30 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе реализира ексклузивен концерт со наслов „Нем филм во 4“. На концертот премиерно ќе биде изведена првата композиција оригинално напишана за нем филм „Убиство на војводата од Гиз“ од Камиј Сен Санс од 1908.

Ќе бидат изведени и композиции од Жорж Бизе, Чарли Чаплин, Скот Џоплин и Пламенка Трајковска. Дел од програмата е и проекција од култните неми филмови „Убиство на војводата од Гиз“, „Светлата на градот“, бурлеска на тема од Кармен“, „Жена од Париз“, и „Големиот диктатор“.

Во гудачкиот состав покрај Пламенка Трајковска на виолина ќе настапат и Љубица Бошкова на виола и Александра Јаневска на виолончело.

Пламенка Трајковска врз основа на долго истражување креираше нови аранжмани за гудачко трио и таа направи адаптација на првата оригинална испишана композиција за немиот филм „Убиство на војводата од Гиз“ од Камиј Сен Санс. Посебен осврт таа прави на комплетното ново осмислување на музиката од немиот филм „Бурлеска на тема од Кармен “ од 1915 со креирање на аранжман за гудачки состав и музичка технологија, а за кое таа во наредниот период ќе издаде комплетен материјал од музички партитури, тонски материјал и снимка како свој придонес кон популаризацијата на музиката наменета за нем филм.

Досега, Пламенка Трајковска реализираше уште неколку проекти во кои музиката од филмовите е во фокусот како концертите „Музика и филм“, „Музика и цртан филм“, „Виолина и филм“…


0 views

Comments


bottom of page