Search
Гуангпу олимписки првак во ариалс, Украина го освои првиот медал во Пекинг
- Aleksandar Santovski
- Feb 16, 2022
- 1 min read
Вистинско шоу на Зимските олимписки игри во Пекинг приредија натпреварувачите во слободно скијање, во дисциплината ариалс. На голема радост на домаќините златниот медал го освои Чи Гуангпу. Гуангпу за брилијантниот скок во финалето доби оценка 129.0 и стана нов олимписки првак. Второто место му припадна на Украинецот, Олександер Абраменко. За Украина ова е првиот медал на ЗОИ во Пекинг. Бронзата заврши кај Русинот, Иља Буров.

Comments