top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Грчкиот селектор провоцира пред соочувањата со Македонија: Играме два меча против Скопје

Македонската сениорска ракометна репрезентација ќе ја искористи оваа ЕХФ недела да одигра два пријателски натпревари со Грција на нивен терен, средби на 3 и 4 ноември, средби пред кои добивме провокација од домаќиниот и тоа од селекторот Георгиос Заравинас.

Тој за официјалната веб страна на нивната ракометна федерација говореше за нивните подготовки, а соочувањата со избраниците на Кирил Лазаров ги најави како мечеви со Скопје.

-Во Солун ја одработуваме првата недела од подготовките за нашиот потфат, учество на ЕП. Оваа фаза е исклучително важна за нас и ќе одиграме две силни пријателски средби против Скопје. За нас е важно да имаме силни пријателски средби против земји што во последниве години биле постојано присутни во финалните фази од европските и светските шампионати.

-Ќе испробаме некои работи, ќе консолидираме некои наши посилни особини и ќе се обидеме да вклучиме некои нови имиња поврзувајќи го сениорскиот со младинскиот национален тим, -порача селекторот на нашиот јужен сосед.


1 view

Comments


bottom of page