top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Грчки ПАОК забрани македонски знамиња на „Тумба“, причината е Бојан Миовски!

Нашиот Бојан Миовски со својот Абердин вечерва гостуваат во Солун кај ПАОК во рамките на Конференциската лига на УЕФА, но шкотските навивачи се соочија со навистина непријатни моменти поради протоколот на организаторите.

Организаторите и грчките власти најавија сериозен претрес на сите гостински фанови, забрането е внесување на било каква пиротехника, а воедно добија и изричита забрана за внесување на македонски знамиња!

Познато е дека фановите на Абердин често го истакнуваат нашето знаме во чест на Миовски, но овој пат Грците строго забранија такво нешто и никој нема да може да влезе на стадионот „Тумба“, доколку поседува реквизит со македонски обележја. Не е првпат грчката држава да се однесува крајно ксенофобично и расистички кон нашите спортисти, но се чини дека понекогаш навистина ја „прелеваат чашата“.

Абердин ги загуби сите шанси за прогрес во Конференциската лига и Миовски требаше денес да биде на клупата за резерви, но доколку нашиот репрезентативец добие шанса за настап, би сакал да постигне гол и да испрати уште еден „поздрав“ до грчките навивачи. Тоа се случи и на првиот натпревар во Шкотска, по што следеа лавина реакции од медиумите во соседната земја.

Некои работи навистина треба да имаат граници и да останат во доменот на спортскиот дух, но очигледно е дека анти-македонската политика одново игра голема улога, особено кај грчките претставници во евро-куповите.

Натпреварот помеѓу ПАОК и Абердин е закажан за 18:45 часот.



1 view

Comments


bottom of page