Грчевски го скрати списокот на Македонија пред клучните битки за ЕП
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
30.03.2026 Mart Ponedelnik
Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра два квалификациски натпревари за Европското првенство во априлската ЕХФ седмица.
За дуелите со Германија и Словенија, селекторот Кристијан Грчевски го соопшти и скратениот список на кој се најдоа 20 ракометарки. Најзначајно е отсуството на најдобрата наша ракометарка, Сара Ристовска која е повредена и не е доволно подготвена за настап.
Список на Македонија за ЕХФ седмицата во април:
Македонските ракометарки ќе ја дочекаат Германија на 8 април, а четири дена подоцна ѝ гостуваат на Словенија. Репрезентацијата ќе се собере в понеделник (6 април) во 09:30 часот во Скопје.
Во квалификациската група Македонија има победа и три порази, па патот до евро-шампионатот е доста тежок. Нашата селекција ќе треба да бара изненадување против еден од фаворитите или да се поклопат резултатите во останатите групи за пласманот на табелата на третопласираните.






Comments