top of page

Грција, Данска, Финска и Франција фаворити за победа на „Евровизија“

27.03.2026 Mart Petok

Песните избрани да ги претставуваат Грција, Данска, Финска и Франција се фаворити на обложувалници на интернет за победа на годинешното 70. издание на „Евровизија“.

Фановите на музичкиот натпревар веќе може да ги слушнат сите 35 песни што се во трка за победа на 16 мај.

Двете полуфиналиња ќе се одржат на 12 и 14 мај. На големото финале на 16 мај ќе биде избрана победничката песна.

Годинава, големиот музички натпревар ќе се реализира во Виена, Австрија, откако лани австриската песна „Wasted love“ освои најмногу поени и беше прогласена за најдобра.


 
 
 

Comments


bottom of page