Групна изложба „Скршен април“ во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп
17.04.2024 April Sreda
Во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп, на 19 април 2024 /петок/ од 19:30 часот, ќе биде отворена групната изложба „Скршен април“. Со своите дела ќе учествуваат уметниците Риза Зибери, Марко Вујисиќ и Генц Троли.
„Скршен април“ е групна изложба која провоцира поставка која е инспирација од романот на Кадаре со истиот наслов. Гледачите ќе го истражуваат метафоричното патување на природата и луѓето до април. Изложбата ќе ги поттикне емоциите на природата и луѓето, размислувајќи за парадоксалната убавина и суровост на април. Ја прикажува еволуцијата на двата пејзажи и се соочува со турбулентни времиња. Преку различни пристапи, изложбата се обидува да ја артикулира емотивната каденца на април, кој е месец што се карактеризира со трансформативна моќ. Уметниците се движат низ дихотомијата на природата и луѓе, плетејќи наратив кој ги одразува испреплетените судбини на природата и човештвото среде позадината на предизвикувачкото време што го живееме каде има војна и мртви луѓе. Групната изложба им овозможува на гледачите да ја доживеат дихотомијата на април, суровата убавина на природата и сложеноста на човековите емоции. Тоа го повторува книжевното прикажување на април како најсуров месец на единствен и привлечен начин.
Comments