top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Грузијката Арабидѕе е нова европска шампионка

ШАХ

Грузијката Мери Арабидѕе (2.433 рејтинг-поени, рангирана деветта пред почетокот на турнирот) е европска шампионка за 2023 година, освојувајќи 8,5 поени од 11 можни (шест победи и пет ремија) на Европското првенство (ЕП) во Петровац (Црна Гора). На Арабидѕе (29), која е ИМ од 2014-та, ѝ припадна и наградата од 10.000 евра. ИМ од Полска, Оливија Киолбаса (2.406, 15-та), исто така има 8,5 поени, но е втора оти во директниот дуел (осмо коло) загуби од Арабидѕе, а трета е нејзината сонародничка, ИМ Александра Малтсевскаја (2.388, 20-та), со осум поени. Од Македонките, во оваа силна конкуренција Ивана Манова (1.923, 115-та) е на 108-то место со 4,5 поени, Катерина Петровска (1.907, 117-та) е на 128-то со 3,5, а Моника Жежовска (1.761, 126-та) е на 131-то со три поени, но освои и најмногу рејтинг-поени (30,4). Тие забележаа вкупно седум победи (21,2 отсто), осум ремија (24,2 отсто) и загубија 18 партии (54,5 отсто), или вкупно 11 поени од 33 можни (33,3 отсто). Во 11-то коло Манова ремизира, а Петровска и Жежовска загубија. На ЕП 2023 играа 136 шахистки (шест ВМ, 15 ЖВМ, 33 ИМ, 22 ЖИМ, шест ФМ, 25 ЖФМ) од 35 држави. Белите фигури победиле вкупно 298 пати, црните 217, а 220 партии завршиле реми. Г.И.

ПЛАСМАН НА ЕП 2023

ШАХИСТКА (РЕЈТ.) ПОЕ. ПБ. Н. ПР. % 1. Арабидѕе (2.433) 8,5 6 5 0 81,8 2. Киолбаса (2.406) 8,5 7 3 1 81,8 3. Малтсевскаја (2.388) 8 7 2 2 72,2 ———————————————————————— 108. Манова (1.923) 4,5 3 3 5 40,9 128. Петровска (1.907) 3,5 2 3 6 31,8 131. Жежовска (1.761) 3 2 2 7 27,2


2 views

Comments


bottom of page